skip to Main Content

Радијално осовинските заптивки – семеринзите се заптивни елементи кои го заптиваат медиумот од внатрешната страна на ротирачките машински делови ( осовините) и го спречуваат влезот на нечистотиите од надворешната страна -атмосферата.

Правилен избор на радијален осовински заптивач зависи од работните параметри како што се медиумот, работната температура, работниот притисок како и влијанието од надворешната страна.

На залиха имаме радијални осовински заптивки изработени од стандардни материјали NBR, FKM i PTFE:

  • Во основните типови A/AS, B/BS i C/CS по DIN 3760
  • Тип BABSL за примена кај поголем притисок
  • Тип RADIAMATIC каде надворешниот дел е зајакнат со техничко платно и може да се испорачаат во расечена варијанта
  • Специјални типови : со тефлонски заптивни усни, касетни семеринзи.

 

Погледнете го МФ Сеалс флаерот за Семеринзи

Back To Top