skip to Main Content

ПРОИЗВОДСТВО

ПРОИЗВОДСТВО НА ЗАПТИВКИ

Квалитетни заптивки изработени на Seal Master машина “по мерка”

Секоја заптивка за хидраулика и пневматика, бришач,водечка трака или некоја друга заптивка во пречник од 6мм до 500мм може да се изработи кај нас веднаш.

Оваа постапка на изработка не подразбира претходна изработка на алат, а со машината може да се изработи секоја димензија, стандардна, нестандардна, мерки во цолови,…

Со оваа постапка изработуваме заптивки , од сите денес познати модерни материјали од кои се изработуваат, тоа се: NBR, H-POLIURETAN, EPDM, H-NBR, PTFE/BRONZA, PTFE/STAKLO, FPM и други.

Погледнете ја брошурата на МФ Сеалс за заптивки

ПРОИЗВОДСТВО НА БЕЗАЗБЕСТНИ РАМНИ СТАТИЧКИ ЗАПТИВКИ

Производство на безазбестни рамни заптивки

Произведуваме прецизни статички безазбестни заптивки во сите можни геометрии, контури, во димензии до 2500мм х 1500мм. Заптивачите се произведуваат на CNC плотер, а со самото тоа нема трошоци за производство на алат и времето на производство е многу кратко. Максимално се искористува материјалот со користење  на програмот „nesting”  ( оптимално позиционирање на заптивката на работната плоча поради максимална искористеност).

Материјали од кои се произведуваат овие заптивки:

  • Безазбестни плочи на база: арамидни влакна (кевлар), различни еластомери и врзувачки материјали
  • Плочи на база на графит со или без метални појачувања за макс. t=550C° i p=500 bar
  • Плочи на база на модифициран PTFE , t= 1100C° p=200 bari
  • Безазбестни термоизолациони и заптивни плочи на база на минерални влакна t=1100C° p=2 bari
  • Разни врсти на еластомери ( гума) како што се NBR, HNBR, VITON, SILIKON, NEOPREN…
  • Плочи од PTFE (teflon), POM, PE…

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

Back To Top