Радијално осовинските заптивки – семеринзите се заптивни елементи кои го заптиваат медиумот од внатрешната страна на ротирачките машински делови ( осовините) и го спречуваат влезот на нечистотиите од надворешната страна -атмосферата.
Правилен избор на радијален осовински заптивач зависи од работните параметри како што се медиумот, работната температура, работниот притисок како и влијанието од надворешната страна.
На залиха имаме радијални осовински заптивки изработени од стандардни материјали NBR, FKM i PTFE:
- Во основните типови A/AS, B/BS i C/CS по DIN 3760
- Тип BABSL за примена кај поголем притисок
- Тип RADIAMATIC каде надворешниот дел е зајакнат со техничко платно и може да се испорачаат во расечена варијанта
- Специјални типови : со тефлонски заптивни усни, касетни семеринзи.
Погледнете го МФ Сеалс флаерот за Семеринзи