skip to Main Content

Со што се занимава нашата компанија ?

МФ Сеалс ДООЕЛ увоз-извоз Скопје е формирана во 2011 во Скопје. МФ Сеалс ДООЕЛ е ќерка фирма на МФ Сеалс ДОО Белград и е генерален застапник на реномираните европски компании: Freudenberg Sealing Technologies , во чии состав се компаниите Simirit , Merkel I Dichtomatik, Burgamnn Packings, DMH, Frenzelit, Stenflex и FMI.

Програмата се состои од два дела: производствен и продажен.

ПРОИЗВОДСТВО НА ЗАПТИВКИ

Квалитетни заптивки изработени на Seal Master машина “по мерка”

Секоја заптивка за хидраулика и пневматика, бришач,водечка трака или некоја друга заптивка во пречник од 6мм до 500мм може да се изработи кај нас веднаш.

Оваа постапка на изработка не подразбира претходна изработка на алат, а со машината може да се изработи секоја димензија, стандардна, нестандардна, мерки во цолови,…

Со оваа постапка изработуваме заптивки , од сите денес познати модерни материјали од кои се изработуваат, тоа се: NBR, H-POLIURETAN, EPDM, H-NBR, PTFE/BRONZA, PTFE/STAKLO, FPM и други.

ПРОИЗВОДСТВО НА БЕЗАЗБЕСТНИ РАМНИ СТАТИЧКИ ЗАПТИВКИ

Произведуваме прецизни статички безазбестни заптивки во сите можни геометрии, контури, во димензии до 2500мм х 1500мм. Заптивачите се произведуваат на CNC плотер, а со самото тоа нема трошоци за производство на алат и времето на производство е многу кратко. Максимално се искористува материјалот со користење  на програмот „nesting”  ( оптимално позиционирање на заптивката на работната плоча поради максимална искористеност).

Генерални застапници на

Back To Top